Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Предавање – основи на шаманизмот

December 16, 2022 @ 6:00 pm - 8:00 pm

На следното предавање навлегуваме подлабоко во самите мистерии на шаманизмот од латинска Америка.
Ќе го демистифицираме она што за нас како исклучително далечна култура до сега ни било непознато или прекриено со недоразбирањa.
Иван за ова предавање има спремено голем број на алати кои ќе можете да ги користите во различни околности и контексти, вклучувајќи го секојдневниот живот во контекст на церемонија. Првичната идеја му доаѓа од потребата да ги разјасни знаците на патот, како секоја индивидуа би можела подобро да ги разбере за себе и на тој начин да расте што подобро и понасочено во сите правци.
Намерата на ова предавање е да ги припреми и оспособи сите патници низ свесноста да на што полесен начин зачекорат во својата духовна пракса и да секој ја земе во свои раце најголемата сила која е сопствениот живот, со самото тоа и личната моќ!
Иван е роден во Србија 1984 год. во семејство кое има долг низ генерации на хербалисти (тревари и печуркари). Од своја 17 та година се насочил кон истражување на лековити и магиски билки од нашето (балканско) поднебје.
Од 2015 година стапува во контакт со домородните зедници од Јужна Америка и започнува да ја изучува нивната култура и билниот свет кој ги опкружува со фокус на идеата како одредени билки влијаат на свеста здравјето и духовното добро на поединците и заедниците.
Од 2017 година доаѓа на терен во Јужна Америка и стапува во контакт со заедниците Шипибо, Кечуа, Јаванава и веднаш започнува со изучување на билки и различни аспекти на истите, како медицинските својства, фолклорот поврзан со нив и пракса со мастер плант диета.
За да си обезбедите место на предавањето најавете се преку порака или повик на 072242294, а и доколку имате повеќе прашања слободно обратете се.
Котизација за настанот е 1200 денари.

Details

Date:
December 16, 2022
Time:
6:00 pm - 8:00 pm